| четврток, 6 декември 2018 |

Седмица за Монтепаски Сиена

Монтепаски Сиена ја освои седмата титула во низа во Италија, а финалната серија против Виртус Рома заврши со 4-1 во победи, по синоќешниот триумф од 79-63 на гостински терен во Рим.

Клучната разлика кошаркарите на Монтепаски ја направија во третиот период што го добија со 27-14, по што беше јасно дека ќе ја одбранат титулата и по седми пат во серија ќе слават. Браун ги предводеше умешно постигнувајќи 18 поени, а одличен беше и Мос со 11 поени и 9 скока. За најкорисен играч на финалната серија е прогласен Даниел Хекет од шампионскиот состав.

Кај Виртус Рома најефикасен беше Лавал со 20 поени, на кои им додаде и 9 скока.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top