Директорот на Агенцијата за поддршка на туризмот е најлуксузниот проект на Владата на СДСМ. Младиот и перспективен Александар Донев на јавноста ѝ се претстави како домаќин, но со кревко здравје. За мирен сон и помалку отоци на нозете на Донев му доплативме 40.000 денари за бизнис-класа до Аргентина. Во меѓувреме тој не убедуваше дека агенцијата со која директорува троши строго домаќински. За него домаќинско работење е и тоа што само до Буенос Аирес, Аргентина, летал со бизнис-класа. На сите други патувања летал со економска класа или со нискобуџетни летови.
И таман да не убеди во домќинлакот, замина за Албанија. На студиско патување за екстремни спортови, кое државата ја чини 7000 евра. Но, Донев има одговро и за оваа „клевета“.
Тој вели дека вистината е дека во Тирана не бил за авантура туку на покана на премиерот на Албанија и на министерот за туризам и присуствувал на конференцијата за авантурситички туризам, на која имал излагање на темата „Потенцијалите на авантуристичкиот туризам на Балканот и регионалната соработка”. Чудно е како Донев не сфаќа дека нам не ни тежи кој го поканил, туку колку луксузно си поминал. И султанот од Бруени да го поканел, сеедно, важно е колку народни пари домаќински ќе потроши.
Статусот на Донев го пренесуваме во целсот без никакви интервенции.
„Не би сакал тука да се објаснувам но гледам дека лесно се верува на секакви невистини што ги смисливаат некои кои најверојатно немаат попаметна работа па сега муабетот е дека патот до Тирана чинел 7.000 евра. Јас мислев дека можете и подобро од тоа…
За тие што ги интересира, вистината е дека во Тирана не бев за авантура туку на покана на премиерот на Албанија и Министерот за туризам и присуствував на конференцијата за авантурситички туризам каде имав излагање на тема “Потенцијалите на авантуристичкиот туризам на Балканот и регионалната соработка”. По работниот ден завршен тука со кола стигнав во Тирана доцна вечерта. На брзина вечерав паста во едно мало место одма до хотелот во кој за едното ноќевање платив точно 50 евра. Наредниот ден беше конференцијата и веднаш по завршувањето се вратив во Скопје.
И тука сум и работам за да го средиме овој хаос што го наследивме. Тешко е и напорно и имаме многу за средување и тоа се заеднички проблеми кои можеме единствено заедно да ги решиме.
Убаво е да критикуваме и да бидеме внимателни после се што ни се случи но треба и да прашаме, да се информираме а не да скокаме на секоја измислица што некој ја пласира (не навлегувам во причините за тоа зашто се многу очигледни и не се вредни за коментар).
Ве поздравувам сите а посебно оние кои немаат време за невистини и се вклучени во овој тежок процес за да си ја направиме Македонија подобро место за живот.
Јас не се откажувам и верувам дека можеме и треба да охрабриме што повеќе луѓе што можат да придонесат да се вклучат во оваа невозможна мисија.
п.с. За туризмот и проблемите кои работиме да ги решиме во друга прилика а во прилог неколку фотки од конференцијата во Тирана.“
Останува да видиме дали Донев иако „наклеветен“, ќе ги врати и овие пари како што рече дека ќе ги врати 40.000-те илјади разлика за картата до Аргентина.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст