| четврток, 6 декември 2018 |

Петта конференција на Здружението на преведувачи и толкувачи

Здружението на преведувачи и толкувачи на Република Македонија ќе ја одржи
својата јубилејна, Петта конференција во сабота, на 16.12.2017 година, во просториите на Стопанската комора на Македонија во Скопје со почеток во 10:00 часот, соопштија од Здружението.

Конференцијата ќе започне со оддавање почит на прерано починатиот колега Огнен Чемерски, по што ќе следи и воведно обраќање од претседателката на ЗПРМ, Огнена Никуљски.

На конференцијата ќе бидат опфатени теми кои, според членовите на ЗПРМ се од посебен интерес, а ќе бидат од полза за сите професионалци од преведувачката дејност, за корисниците на преведувачките услуги и за јавноста. Ќе се говори за Книжевниот превод – стапиците во општеството, културата и практиката; предлогот за Авторски договор и можностите за финансиска поддршка на преводот“, за „Толкување во заедницата – нова категоризација, нови предизвици“, како и за „Предизвиците при превод на судски документи и обврските и должностите при толкување во судница“.
Не помал интерес ќе предизвика и дискусијата со лекторите по македонски и албански јазик, со кои ќе се разговара за „Новите видови комуникација и предизвиците за зачувување и осовременување на македонскиот и албанскиот јазик“.
Над 120 лица го потврдија учеството на конференцијата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top