Дедо на ученичка нападнал наставничка во основното училиште „Алија Авдовиќ“ во Батинци. До инцидентот дошло кога наставничката по историја реагирала учениците кои губеле час да бидат потивки и да не ја реметат наставата. Ученичката од шесто одделение му се пожалила на својот дедо кој пак физички ја нападнал учителката која завршила со модринки. Случајот бил веднаш пријавен во полиција.
Наставничката вчера била прва смена и дошла на работа. Директорот Кенан Имери за Тв 24 вели дека настанот е за најостра осуда и во прашање е ставена безбедноста на наставниците.
„Наставничката ги извадила надвор децата бидејќи губеле час. Меѓу нив е девојчето чиј дедо ја нападна наставничката. Дедото дошол, влегол во училиштето и пред учениците на наставничката по историја и удрил шлаканица. Бидејќи нема физичко обезбедување, дедото директно отишол во училницата“, изнавил директорот на училиштето за телевизијата.
Децата од училиштето биле сведоци на насилството.
Од МВР велат дека случајот е расчистен и е поднесена прекршочна пријава за физички напад.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст