Скопјанка во поодминати години, завчера напладне ги наполнила торбите во маркет во населбата Карпош, но на каса предизвикала инцидент. Со полни торби, таа се обидела да замине без да плати, но била фатена, по што почнала да се расправа со персоналот.
Со производите кои претходно ги украла, таа, почнала да фрла по вработените. Продавачите се обиделе да ја спречат, но таа се спротивставила, а поради тензијата која настанала, вработените во маркетот ја повикала агенцијата која ги обезбедува. Патролата набргу стигнала во објектот и ја задржале жената се до доаѓањето на полицијата која во меѓувреме била известена за кражбата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Грк украл врв од столб од Акропол
-
Милионска кражба во Македонија: Обиен сеф на приватна фирма
-
Фатил жена во кражба: Кога ги видел нејзините деца наместо да ја уапси направил нешто неверојатно(видео)
-
Крадците го опустошија градот повеќе од ураганот: Група луѓе влегуваат по маркети и носат што ќе најдат(видео)