Сопственикот на кочанскиот локал Але-Дар во изјава за КУРИР ја демантира веста објавена на дел од српските портали, според која момче си ги пресекло вените при настапот на „Амадеус бенд“ во Кочани минатиот викенд.
-Јас сум сопственик на локалот Але-Дар во Кочани во кој „Амадеус Бенд“ имаа настап во саботата на кој бев присутен во текот на целата вечер и немаше никакво сечење вени со нож во локалот, а најмалку не пред музиката, вели сопственикот на локалот за КУРИР.
Тој вели дека сите пристутни што биле таму се чудат на изјавата од „Амадеус Бенд“ што е објавена на српски портал, дека детето си ги пресекло вените со нож пред нив.
-Немаше такво нешто, туку напротив цела вечер помина во многу убава и разиграна атмосфера и без никакви проблеми. Инаку презадоволен сум од настапот на Амадеус Бенд, дечките се супер и не верувам дека тие би дале ваква некоја изјава што воопшто не е вистина, вели сопственикот.
Српските медиуми претходно пренесоа дека во дискотека во Кочани, понесен од атмосферата, момче пред сите ги пресекло вените. Настанал вистински хаос и први на помош притрчале музичарите и келнерите, а нивната брза интервенција, како и доаѓањето на брзата помош на лице место, му бил спасен животот.
-Точно така. Неколкупати ми пријде едно момче за време на настапот и бараше повторно да ја отсвириме „Моја земја“. Кога тоа го направиве, наеднаш извлече нож и си ги пресече вените. Бевме шокирани. Келнерот кој беше покрај него брзо го изнесе надвор, а брзата помош веднаш го однесе во болница. За среќа го спасија и се заврши добро. Беше голем шок за нас, бидејќи никогаш не сме доживеале ништо слично. Би ја искористил приликата да апелирам на сите кои не почитуваат, дека ова не е начин да се сака музиката и дека е апсолутно непоимливо да се повредуваат себе. Музиката е тука за да ни го направи животот поубав, а не да нанесува болка, стои во изјавата на членот на групата Александар Стамировиќ дадена за српските медиуми.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст