Советот на општина Струга донел одлука за воспоставување комунален ред на подрачјето на целата општина
Целта на ваквата одлука, како што вели секретарот на општината Зоран Гулицоски, е да се воспостави комунален ред кој со години наназад е еден од напроблематичните сегменти во градот.
– Одредени делови на станбените објекти како што се терасите, балконите, влезните врати, прозорците и друго треба да бидат уредни и чисти, а нивните оштетувања мора да бидат поправени. Ова, за жал, во Струга го имаме кај стотина објекти кои се до ден-денес руинирани и поради оштетувањата и дотраеноста го нагрдуваат општиот изглед на улицата и населбата. Тие треба да се уредат или да се срушат, објаснува Гулицоски.
– На прозорците и балконите може да се чуваат само цвеќе, украсни билки на начин што не ја загрозуваат безбедноста. Исто така граѓаните коишто имаат живи огради, треба да ги одржуваат и да ги кастрат за да не се загрозува безбедноста на сообраќајот, додава Гулицоски.
– Против прекршителите на одредбите на Законот за комунални дејности, за комунална чистота и Законот за управување со води може да се поведе и прекршочна постапка пред надлежните институции, предупредува Гулицоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Во Струга почнува неделата посветена на јубилејот „90 години музеј Д-Р Никола Незлобински“
-
Црн Дрим се дави во ѓубре
-
Нов закон во Франција: Казна три години затвор и 45.000 евра за секој политичар што ќе си вработи член на семејството
-
Хаос во Струга: Кршел во казино, барал пари, се заканувал на полицијата…



