| четврток, 6 декември 2018 |

Хорор во Скопје: Жена тепана и силувана од сопругот

С.T.(43) од Скопје вчера околу 10:35 часот пријавила дека во неколку наврати претходниот и овој месец била физички малтретирана од страна на сопругот И.T.(46) и притоа се здобила со тешки телесни повреди.

-Исто така, посочила дека при едно малтретирање била и силувана од негова страна. Оштетената напоменала дека И.T. секојдневно физички и психички ја малтретирал, за што во неколку наврати пријавувала поплаки и малтретирање, информираат од полицијата.

Од МВР додаваат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top