Во Москва од 30 декември до 9 јануари, ќе стапи на сила ограничувањето на употребата на алкохол, објавија руските официјални претставници.
Продажбата на алкохол ќе биде ограничена на места за јавни собири и во близина на локациите за фестивали.
Во Русија во последниве недели се води расправа за тоа дали и како да спречи продажба на алкохолни пијалаци на видно пијаните граѓани.
Некои се за, а некои против, други предупредуваат дека спроведувањето на таква забрана ќе наиде на низа тешкотии.
Претходно, Министерството за здравство предложи измена на федералниот закон за воведување на нови правила за продажба на алкохол, според кои продавачите во продавниците, угостителските објекти и други места, може да одбијат да продаваат алкохол на лица кои се видно пијани.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.