Пешак бил потешко повреден во една од вкупно 10 сообраќајки регистрирани во текот на изминатиот ден на подрачјето на СВР Скопје. Во четири незгоди полесно биле повредени четири лица, а во пет била причинета материјална штета.
Од МВР информираат дека вчера сообраќајната полиција открила и санкционирала поголем број прекршоци. Дваесет и осум возачи се движеле со брзина поголема од дозволената, тројца возачи поминале на крстосница на црвено светло и двајца возачи не дале првенство на минување.
Од сообраќај биле исклучени 17 возачи: еден возач го управувал возилото под дејство на алкохол, 13 возачи го управувале возилото пред да се стекнат со право на управување на моторно возило и тројца возачи почетници. Од сообраќај биле исклучени и 16 нерегистрирани возила. Санкционирани биле и двајца пешаци кои поминале коловоз вон пешачки премин. Затекнати биле 80 непрописно паркирани возила.
Со помош на специјалното возило пајак, отстранети биле 92 возила.
Денеска Одделението за превенција при СВР Скопје во рамките на сообраќајно воспитниот проект „Да ги заштитиме децата во сообраќајот“ ќе реализира едукативни работилници со ученици од второ и четврто одделение во ПОУ „Ристо Крле“ во Мралино и во Бунарџик кои се наоѓаат на подрачјето на општина Гази Баба.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст