На вчерашната редовна седница Владата го усвои дополнетиот предлог-буџет за 2018 година со прифатените амандмани од комисиската расправа во Собранието.
Министерот за финансии, Драган Тевдовски, ги информира членовите на Владата дека во дополнетиот предлог-буџет за 2018 година се направени зголемувања на финансиските средства за гасификација во висина од 120 милиони денари, блок-дотации за градинки, основни и средни училишта, културни установи на регионално ниво, со зголемување од 200 милиони денари, во Фондот за здравство од 100 милиони денари и во Инспекторатот за животна средина од 10 милиони денари.
Буџетот за 2018 година веднаш по усвојувањето е пуштен до Собранието на Република Македонија на усвојување.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст