| четврток, 6 декември 2018 |

Не се диши – и вечерва воздухот е екстремно загаден

Загадувањето вечерва е на високо ниво во сите скопски општини. Најзагадена е населбата Лисиче каде што мерната станица покажа до 500 микрограми пм10 честички на метар кубен, а жители на Ново Лисиче се жалат и на мирис на бензин во воздухот.

Загадено е и кај Ректорат и во Карпош со над 300 микрограми пм10 честички на метар кубен.

Следуваат Битола, Куманово и Велес со загадување нешто под 300 микрограми пм10 честички на метар кубен.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top