| четврток, 6 декември 2018 |

Лежев во локва крв додека тој ме шутираше: Саманта Фокс открила како татко ѝ ја злоставувал!


Пејачката Саманта Фокс во 80-тите години била една од најпосакуваните жени од јавната сцена. Денес има 51 година, а неодамна објавила и своја автобиографска приказна со наслов “Forever”.

Саманта, која кариерата ја започнала како модел, за во 1986. година да се обиде како пејачка, во својата книга пишува за тешкото детство кое го имала и траумите кои ги преживеала, а сите тие непријатни и грозни ситуации низ животот и ги приредувал нејзиниот татко Џон Патрик Фокс, кој бил алкохоличар, зависник од кокаин и насилник.

-Откако со месеци го молев да ми вгради радио во автомобилот, а тоа не го направи бидејќи беше премногу пијан, во таа задача ми помогна мојот телохранител Дејв. Тоа тотално го изнервира. Почна лудачки да ме удира, паднав на подот, го молев да престане…Со рацето го криев лицето, а тој и натаму ме шутираше. Мислев дека ќе ме убие. Кога ме слушна како врискам, мојата сестра Ванеса му скокна на грб, а јас во тој момент некако успеав да отползам пред куќата, на улица…Трчаше по мене и ме гаѓаше со шише вотка. За работата да биде полоша, соседот кој ме виде во локва крв, ме посоветува да не викам полиција, бидејќи така ќе му го уништам животот- пишува Саманта во автобиографијата.

Дента завршила во болница со две скршени ребра, а потоа засекогаш ги напуштила својот дом и својот татко.

Подоцна открила и дека крадел од неа, бидејќи краток период располагал со нејзините финансии. Умрел во 2000-тата година, а Саманта тврди дека му простила пред да го напушти овој свет.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top