| четврток, 6 декември 2018 |

Нимиц: Прашањето за името може и треба се реши следната година

Прашањето за името може и треба да биде решено следната година, изјави медијаторот Метју Нимиц по денешните разговори во Брисел со преставниците на Македонија и на Грција, Васко Наумовски и Адемантиос Василакис, пренесува МИА.

– По толку многу години, не постои магично ново име што може да се појави од никаде и да го реши прашањето. Решението ќе биде најдено со политичка волја и добра дипломатија, рече Нимиц.

Според медијаторот, дефинитивно и во Грција и во Македонија е подобрена климата за решавање на прашањето за името. Денешените разговори во Брисел, како што посочи, поминале во добра атмсофера. Најави дека разговорите ќе бидат интензивирани во наредниот период со нови средби во Њујорк во јануари, февруари и март.

Нимиц оцени дека владите во Атина и Скопје решавањето на прашањето за името го ставаат високо на своите агенди и имаат намера и натаму да работат на подобрување на меѓусебните односи.

Нимиц не кажа дали на средбата излегол со нов предлог.
Денешената рунда разговори за името во Брисел се одржа по пауза од три години.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top