| четврток, 6 декември 2018 |

Третоодделенци од Скопје се борат за решавање на проблемите на децата со ретки болести

Третоодделенци од ОУ „Димитар Миладинов“, заедно со нивните родители и нивниот наставник денеска покажаа дека имаат големо срце. Заеднички осмислија иницијатива „Ајде да играме заедно“ и поканија дечиња со ретки болести, со цел да го кренат гласот за подобар живот на овие лица.

Целта на овој натпревар е да се пренесе порака до возрасните, да им се обезбедат лекови на децата со ретки болести, за да можат да играат фудбал како другите деца, да возат велосипед, со еден збор да играат сите заедно.

фото: Факултети.мк

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top