| четврток, 6 декември 2018 |

Решението по Нова година: По толку многу години, нема да се појави магично ново име

Прашањето за името може да биде решено следната година, изјави медијаторот Метју Нимиц по денешните рагзовори во Брисел со преставниците на Македонија и на Грција, Васко Наумовски и Адемантиос Василакис, пренесува МИА.

– По толку многу години, нема да се појави магично ново име. Решението ќе биде најдено со политичка волја и добра дипломатија, рече Нимиц.

Според медијаторот, дефинитивно и во Грција и во Македонија е подобрена климата за решавање на прашањето за името.

Нимиц не кажа дали на средбата излегол со нов предлог.

Денешената рунда разговори за името во Брисел се одржа по пауза од три години.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top