| четврток, 6 декември 2018 |

Најскапиот виц во СФРЈ чинел робија на Голи Оток

Неприкосновениот владетел на комунистичка Југославија Јосип Броз Тито важел за човек кој имал добра смисла за хумор. Тито сакал да се шегува, па дури и на своја сметка.

Често му гостувале најпопуларните јавни личности во тоа време, па со нив се веселел и до доцна во ноќта. Потоа тие прераскажувале анегдоти, а честе тема биле политичките вицови, какви што, наводно, Тито сакал да слуша. За ова особено зборувал Бата живоиновиќ, омилениот глумец, на Тито. Тито од него барал да му кажува вицови и вистини за тоа што зборува народот.

Сепак, надвор од ѕидините на Тито вицовите за него биле забранети и опасни. Многумина кои се пошегувале на сметка на Маршалот, завршиле на Голи Оток или во некој друг озлогласен затвор. Затоа се каувале со шепотење, само во одбрано сруштво. Особено популарен, но и најопасен бил вицот:

-Што би било да потоне „Галеб“?

-Југославија би се спасила.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top