| четврток, 6 декември 2018 |

Вооружени крадци ги затвориле вработените во тоалет и го ограбиле казиното

Двајца маскирани крадци вооружени со пиштоли изутринава околу 6:15 часот го ограбиле казиното на улицата Маршал Тито во Виница.

Според полицијата, тие со закана со пиштоли ги затвориле вработените во тоалетот од казиното, ги одзеле парите од касата и побегнале во непознат правец.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top