Десетина дена огромно знаме на Албанија е поставена на новиот објект на Основното училиште „Братсво Миѓени“ лоцирано во тетовската населба Дреновец, јави телевизија Телма.
Се работи за истото знаме кое минатата година на 100 годишнината од денот на лабанската држава го прекри целиот објект на Центарот за култура „Ило Aнтески Смок“ во Тетово. Граѓаните реагираат на ваквото грубо кршење на законот и велат дека тие што го поставиле знамето само ќе предизвикуаат национално омраза во мултиетничко Тетово.
Кој и зошто поставил албанскот знаме со огромни димензии на државен објект од раководството на училиштето „Братство Миѓени“ не добивме одговор. Од таму информации за националното знаме на туѓа држава најавија за утре.
Нo, најверојатно знамето е поставено по повод одржување на турнир во мал фудбал во дворот на учиштетото, кој се игра во чест на загинати припадници на ОНА.
Инаку новата зграда училиштетото „Братство Миѓени“ се наоѓа на излезот од Тетово покрај регионалниот пат кој во кон Косово. И покрај ваквото видно место каде е поставено знамето, ниту просветните инспекторати нити полицијата досега не презеле ништо за ваквата злоупотреба на државен објект.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



