| четврток, 6 декември 2018 |

Одложено судењето: „Змиско око“ десет години не доаѓа на ред

Судското рочиште за предметот „Змиско око“ денеска е одложен за 1 февруари 2018 година, затоа што  со барање за судење  во разумен рок е испратен до Врховен суд, изјави адвокатот Маја Дојчиновска.

Предметот „Змиско око“ заврши во 2008 година со затворски казни за 12 обвинети, 57 лица добија условни казни, а тројца беа ослободени од обвиненијата за злоупотреба на службената положба. Сите обвинети работеа како контролори или инкасанти на наплатните рампи во ЈП „Македонија пат“.

Европскиот суд за човекови права во 2010 година одлучи дека обвинетите во „Змиско око“ неправедно биле држани во притвор и на Република Македонија и се наложи да им исплати отштета.

Минатата година Апелацискиот суд ја укина пресудата на Кривичниот суд Скопје и предметот го врати на повторно судење.

Врховниот суд до 1 февруари треба да донесе одлука и потоа предметот да го достави до Кривичниот суд Скопје.

Во овој судски процес, што трае 10 години, обвинети се вкупно 71 лице.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top