| четврток, 6 декември 2018 |

Почина тапанарот на „Психомодо поп“

Тапанарот на хрватската поп-панк група „Психомодо поп“, Тигран Калебота почина ненадејно синоќа на 53-годишна возраст, објави бендот на својата Фејсбук страница.

– Драги наши, ненадејно не напушти нашиот тапанар и пријател Тигран Калебота. Во преголем шок сме. Ве молиме за разбирање додека не дојдеме при себе, се наведува во објавата.

Калебота пред само десет дена го прослави 53-от роденден. Тој беше еден од основачите на бендот во 1983 година. Всушнот, музичарот од 1981. до 1983. заедно со гитаристот Смилјан Парадиш – Шпарка свиреа во групата „Нерон“, а со доаѓањето на Давор Гобац во 1983., таа го менува името во – „Психомодо поп“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top