| четврток, 6 декември 2018 |

Тоа е животот на СДСМ: Политички игри наместо грижа за лицата со цистична фиброза!

Владата на СДСМ предводена од Зоран Заев и покрај тоа што ветуваа живот за сите граѓаните, повеќе од очигледно е дека за здравството не водат никаква грижа. Во оваа област очигледно е дека владее хаос и тоа го чувствуваат сите граѓани.

Серизона е ситуацијата со пациентите со цистична фиброза. Наместо проблемите да се решаваат со цел да се надмине проблемот, незадоволството и негрижата за лицата со цистична фиброза се шират и по социјалните мрежи.

Негрижата кон лицата со цистична фиброза го искажува мајка на дете со оваа болест, Снежана Бојчин. Наспроти ова нејзино јавно искажување на Фејсбук, проф д-р Стојка Фушиќ која е спецецијалист педијатар на Одделот за педијатрија наместо да го решава проблемот и да помогне, таа ја напаѓа мајката која родила дете со оваа болест.

Оттаму може да се види податоткот дека може да се обезбедат лекови за само двајца пациенти со цистична фиброза, а според неофицијалните проценки за другите околу 100 не можат да се обезбедат лекови? Во државава не постои регистар на лица за цистична фиброза со сите податоци, па од овде се поставуваа прашањата дали се знае кои и колку лекови треба да се набават за пациентите со цистична фиброза на годишно ниво? Сеуште не се знае колкава е бројка на пацинети кои се лекуваат, и колкава е цената на лекувањето годишно?

Бојчин која е нападната од докторката, додава дека не е ничиј политички миленик, со што од септември година останува без работа, а очекувала трајно вработување како професор по физика.

-Вие мислите дека да се живее со цистична фиброза останува слободно време човек да се занимава и со политички игри, госпоѓо Фуштиќ?!, пишува Бојчин.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top