| четврток, 6 декември 2018 |

Чакаровски: Недостигот на лекови се прави вештачки

Министерството за здравство било речиси парализирано до пред една недела поради немање министер. Заменик-министерот Гоце Чакаровски во вечерашната Топ тема на ваша страна изјави дека целосните овластувања од Владата ги добил пред една недела, а претходно, како што рече самиот, бил „англиска кралица“.

За недостигот од лекови за ретки болести рече дека ги има по депоата на веледрогериите, но зошто не се кај пациентите, рече за тоа имало други интереси кои не сакаше отворено да ги каже.

-Недостигот на лекови се прави вештачки, вели Чакаровски. Според него зад тоа стојат други интереси и цели, а не дека навистина ги нема.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top