Започна процедурата за одземање на имот на бизнисменот Иво Прокопиев, сопственик на бугарските весници „Дневник“ и „Капитал“ од страна на бугарската Комисија за конфисукување на нелегано стекнат имот (КОНПИ).
На Прокопиев може да му биде одземена и сопственоста врз издавачката компанија „Икономедија“, која што ги печати двата весника доколку процедурата биде комплетирана.
Тој во соопштение ја обвини владата за политичка пресметка со него.
– Нападот на КОНПИ врз мене е јасна илустрација на тоа како корумпираната политичка елита го злоупотребува инструментот на „граѓанска конфискација“ за да ги згази своите јавни критичари, изјави Прокопиев.
Тој е осомничен за нелегална приватизација на рударската компанија „Каолин“.
Неговата издавачка куќа обвини дека во Бугарија „се раѓа тиранија“ и „заробена држава“, како и дека конфискувањето на имотот на Прокопиев е со цел да се отстрани конкуренцијата во медиумскиот простор за да се овозможи негово монополизирање од страна на бизнисменот Делјан Пеевски, чии изданија ја поддржуваат Владата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.