| четврток, 6 декември 2018 |

Целосната информативна блокада: Агендата на Нимиц и преговарачите се чува во најголема тајност

МНР не го открива и вториот човек во македонската екипа кој треба да му помага на Наумовски, кој според најавата треба да биде дипломат од кариера. Човекот кој официјално ќе му помага на Наумовски, неофицијално ќе има контрола на преговорите затоа што Наумовски како амбасадор во САД и како преговарач за името е поставен од страна на опозицијата и претседателот Иванов.

Целосната информативна блокада во врска со новата рунда преговори за името укажува на тоа дека Македонија и Грција навистина може да се во финална фаза на решавање на спорот за името. Македонското МНР упатува на канцеларијата на Нимиц, а во Њујорк велат дека треба да се комуницира со канцеларијата за информации на Обединетите нации во Брисел, а таму пак дека немаат никаква информација за средба поврзана со Македонија, јавува дописникот на Алфа од Брисел, Горан Момироски.

Засега е тајна, вели тој, и локацијата на средбата, кој прв се среќава со медијаторот Нимиц и дали тој во Брисел носи нешто конкретно или пак финален предлог биде даден откако ќе разговара со двајцата преговарачи Адамантиос Василакис и Васко Наумовски. Ако се оди според информациите дадени и потврдени од страна на Нимиц и премиерот Заев дека преговорите започнуваат денеска во Брисел, една од опциите е дека двете страни сакаат да ги заштитат преговарачите од притисок на јавноста. Искуството покажува дека досега во сите претходни преговори во последниве петнаесетина години секогаш медиумите биле точно и навремено информирани за точната локација и време на средбата.
МНР не го открива и вториот човек во македонската екипа кој треба да му помага на Наумовски, кој според најавата треба да биде дипломат од кариера. Пред самитот на НАТО во Букурешт во 2008 година во неколку наврати веќе имаше ваква ситуација во преговорите да учествуваат двајца македонски преговарачи, заедно со тогашниот преговарач, а сегашен министер за надворешни работи Никола Димитров во таква улога се појави тогашниот шеф на Кабинетот на експремиерот Груевски, Мартин Протогер а во неколку наврати на Димитров во преговорите му асистираше неговиот сегашен  шеф на Кабинетот Паскал Стојчески. Сега македонските власти во тајност го држат името на човекот кој официјално ќе му помага на Наумовски, а неофицијално ќе има контрола на преговорите затоа што Наумовски како амбасадор во САД и како преговарач за името е поставен од страна на опозицијата и претседателот Иванов.
Вообичаено нема најави од Скопје и Атина во кој правец ќе одат преговорите. И покрај оптимизмот кој што до небо го крена македонската страна засега нема ниту еден показател дека денеска и утре е можен сериозен исчекор во правец на решение на спорот со реален компромис.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top