Премиерот, Рамуш Харадинај, рече дека ја поздравува посетата на македонскиот премиер, Зоран Заев, на Косово и е знак на добра волја за понатамошен развој на меѓудржавните односи. Харадинај истакнува дека оваа посета ќе ги продлабочи односите меѓу Косово и Македонија. Ова е целосна објава на Харадинај на Фејсбук:
-Почитувани граѓани, Утре го очекувам премиерот на Република Македонија, Зоран Заев, во официјална посета на Република Косово, како знак на добра волја за понатамошен развој на односите на нашата земја и Република Македонија. Убеден сум дека оваа посета ќе ги продлабочи нашите односи, унапредувајќи во сите прашања, без разлика колку се чувствителни. Како премиер на земјата, на достоинствен значин ќе го претставувам народот и државата Косово во правец на градење на стабилни односи, додека пак граѓаните на земјата треба да ни дадат простор и неопходна почит за да ги продлабочиме овие билатерални односи.
извор:Журнал.мк
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


