Европската унија сака да покаже дека се грижи за Балканот, но таа љубов не ја чувствуваат сите подеднакво, објави бриселскиот портал „Политико“.
Во текст со наслов „Брисел повторно на Балканот, но селективно“ се наведува дека изминатите месеци ЕУ повторно открива интерес за Балканот, вознемирена од обидите на Русија да влијае врз регионот и влошувањето на односите меѓу одделни држави од регионот.
– Лидерите од ЕУ почнаа да испраќаат сигнали дека патот кон Брисел се уште е отворен, објави „Политико“.
Порталот потсетува дека и претседателот на ЕК, Жан Клод Јункер и францускиот претседател Емануел Макрон нагласиле дека ЕУ мора биде отворена за членки од Западен Балкан.
„Политико“ наведува и дека Јункер и претседателот на Европски парламент Антонио Тајани ќе го посетат регинот на почетокот на идната година.
– Бугарија сака евроинтеграциите на државите од Балканот да бидат приоритет за нивното претседавање со ЕУ во првата половина од 2018 година. Брисел, сепак, не предвидува сите шест држави од Западен Балкан да пристапат во ЕУ во исто време, додава Политико.
ЕК ги именуваше Србија и Црна Гора како фаворити за членство во ЕУ до 2025 година, ако не и пред тоа. Фокусот на тие две држави предизвика тревога, збунетост и лутење меѓу останатите во регионот, посочува Политико.
ЕК наведува дека издвојувањето на Србија и на Црна Гора го рефлектира факт дека само тие две држави почнале преговори за членство.
– Дипломатите се загрижени дека тој тандем сега ќе приграби лавовски дел од вниманието на Брисел, нагласува Политико.
Планот ги иритирал и во Подгорица каде сметаат дека се пред Србија на патот кон ЕУ и не и се допаѓаат навестувањата дека можеби ќе го причека својот поголем сосед.
Комесарот за проширување Јоханес Хан рече дека тие стимулираат здрава конкуренција меѓу потенцијалните кандидати во спроведувањето на неопходни реформи.
Според него, Комисијата е подготвена да препорача почеток на преговори со Албанија и евентуално и со Македонија во првата половина на 2018 година, но, како што додаде, тоа ќе се случи само доколку членките на ЕУ поддржат таков предлог.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст