| четврток, 6 декември 2018 |

Прва официјална посета на Косово: Заев на тет-а-тет средба со Харадинај

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, утре ќе замине за Косово, што воедно е и прва официјална посета на премиер на Република Македонија на Република Косово.

Во рамки на посетата предвидени се неколку билатерални средби меѓу владините делегации на Македонија и на Косово, а првата тет-а-тет средба премиерот ќе ја оствари со својот косовски колега, Рамуш Харадинај, по што е предвидена заедничка прес-конференција.

Заев ќе се сретне и со претседателот на Собранието, Кадри Весели, како и со косовскиот претседател Хашим Тачи.

Во рамки на еднодневната посета, предвидени се и средби со македонско-косовската бизнис-заедница, како и со фирми од Македонија и од Косово.

Заев ја предводи владината делегација на Република Македонија којашто ја сочинуваат: министерот за економија Крешник Бектеши, министерот за транспорт и врски Горан Сугарески, министерот за култура Роберт Алаѓозовски, како и министерот без ресор задолжен за дијаспора Едмонд Адеми.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top