| четврток, 6 декември 2018 |

ЕП: ЕУ повторно да го стави својот „стратешки фокус“ на Западен Балкан

Европскиот парламент во својот годишен извештај за спроведување на заедничката надворешна и безбедносна политика ја истакна потребата ЕУ својот „стратешки фокус“ повторно да го стави на Западен Балкан, јави „Танјуг“.

ЕУ треба да продолжи со своите амбиции во регионот, давајќи така нова динамика на веродостојна политика на ЕУ за проширување, се вели во извештајот на ЕП, во кој увид имаше српската новинска агенција.

Годишниот извештај, кој го состави претседавачот со Комитет за надворешни работи, Дејвид Мекалистер, Европскиот парламент ќе го усвои в среда, 13 декември, на пленарната сесија во Стразбур.

Во извештајот акцентот е ставен на фактот дека „безбедноста на граѓаните на ЕУ, интегритетот на територијата на ЕУ, како и стабилноста на соседството, особено во Западниот Балкан, се клучните услови за стабилноста на ЕУ “.

Се нагласува потребата за повторен стратешки фокус за Западен Балкан со препознавање на фактите дека ЕУ би требало да продолжат со своите амбиции во регионот давајќи притоа нов поттик за веродостојноста од политиката на ЕУ за проширување.

-Веруваме дека стабилноста на Западен Балкан мора да остане највисок приоритет, се вели во документот.

Европскиот парламент повикува повеќе напори да се вложат во подобрување на социјално-економските и политички услови во регионот.

– Мора да се остане посветен на негување на високо ефикасни политички општества во регионот, стои во текстот на Годишниот извештај на ЕП за Заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ.

ЕП со тој извештај исто така повторува дека вратата на ЕУ се отворени за членство на држави од Западен Балкан штом ќе ги исполнат условите за тоа.

Посебно внимание и поддршка мора да се дадат за примена на клучните институционални и политички реформи на Западен Балкан.

– Ја повикуваме ЕК да разгледа издвојување нови средства во Инструментот за претпристапна помош како еден од најважните механизми за поддршка на наведените реформски процеси, се заклучува во делот на извештајот посветен на Западен Балкан.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top