| четврток, 6 декември 2018 |

Семејствo на загинат од Љуботен бара милион евра oтштета од МВР и Јохан Тарчуловски

Во основниот суд Скопје 2 за денеска е закажано ново судско рочиште на кое треба да се расправа за надомест на материјална и нематеријална штета од милион евра, колку што побарува семејствтво на загинат во скопското село Љуботен во 2001 година, објави Макфакс. Предметот е проширен и за пратеникот Јохан Тарчуловски, кој е во притвор. Според поднесокот, станува збор за убиениот Рами Јусуфов, син на тужителите Елмаз и Зејнеп Јусуфови, сопруг и татко на 4 деца. На претходното рочиште Тарчуловски не се појави во судот.

Тужителите со посебен поднесок побараа тужбата која е веќе адресирана до МВР да биде проширена и за Тарчуловски, зашто со пресуда на Судот во Хаг, тој беше осуден за воени злосторства врз цивилно население.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top