Владините коалициски партнери ја разгледуваат можноста НДП на Весел Мемеди да биде исклучена од владата, објави телевизијата Алсат-М. Мемеди ниту ги потврдил ниту ги демантирал ваквите информации. Tој беше избран за пратеник на последните парламентарни избори како дел од коалицијата наречена Алијанса за Албанците составена уште од Унитети на Гзим Острени и ДР-ДПА на Зијадин Села.
После изборите, предизборните партнери се скараа, така што Села формирa нова партија со називот на коалицијата, додека Мемеди и Острени настапија заедно на локалните избори, освојувајќи незначителен број гласови.
Во рацете на НДП е министерството за локална самоуправа, со кое министерува Сухејл Фазлиу, кое, според одредени информации, може да го презеде Села при нова распределба на ресори, кога ќе се пополнуваат испразнетите места во ресорите здравство и образование.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст