Слободан Праљак му предложил на Ратко Младиќ да испие отров, пишува “Ало”.
– Не е исклучено дека Слободан Праљак му понудил отров на Ратко и го советувал да го испие во живо, ако е осуден на доживотен затвор – потврди Дарко Младиќ, син на Ратко Младиќ.
Праљак, наводно, побарал да се види насамо со Младиќ пред пресудата да биде изречена на српскиот генерал. Најверојатно на таа средба му го понудил отровот.
– Тогаш Праљак му рекол дека може да му донесе отров, кој може да го испие ако му се изрече доживотен затвор, му рекол дека ќе остане толку запаметен во историјата, а во исто време да ја фрли најголемата казна во Хашкиот трибунал. Тој останал во шок и му кажал дека тоа ќе биде кукавички чин за него, дека сака да се бори и да докаже што е вистина, а не да бега – вели изворот “Ало”.
Дарко Младиќ, исто така, рече дека самоубиството на еден хрватски генерал е само одраз на реалната ситуација во Хашкиот трибунал.
– Со татко ми разговаравме на кратко , но можевме само да кажеме дека ваквиот чин е голем неуспех за Трибуналот. Прљак не е првиот човек кој си го одзема таму животот, само оваа смрт беше театарски и пред очите на јавноста , но ова не е прв случај кој ја покажува вистинската состојба на работите таму, рече синот на Ратко Младиќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст