Браќа и сестри патриоти македонски поминаа 13 дена откако на најподмолен и кукавички начин се притворени Митко, Богдан, Игор и десетици други лица и тие веќе шест дена се во притвор и моите колеги Крсто, Љубен, Сашо, Љупчо, Јохан и Жаклина, ова пред Истражниот затвор во Шутка го потенцираше денеска на протестот Дафина Стојаноска.
-И јас бев во собранието на 27 април, можам само едно да ви кажам и ден денес ме болат зглобовите од стискањето на вилиците додека се пееше албанската химна во македонското собрание. И секое утро се будам со прашањето дали требаше јас како поединец да сторам нешто или не, знаете ли зошто пратениците на ВМРО-ДПМНЕ останаа смирени тој ден? Затоа што требаше да не подлегнеме на ниедна провокација, требаше да докажеме дека не сме насилни и докажавме, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за подобра Македонија останаа смирени и присебни, а цели два месеци пред 27 април издржавме на провокациите кои имаа за цел да станеме насилни. А народот секој ден гордо и секој ден се помасовно излегуваше на протестите за ЗАЕДНИЧКА МАКЕДОНИЈА, народот на 27 април влезе во собранието и пееше, Владо, Богдан, Игор и Борис пееја, а пеевме и сите ние со нив, тоа ли е тероризам? Ниту еден од нив не беше маскиран и не носеше оружје, единственото оружје им беа македонските знамиња, истакна Стојаноска.
Таа додава и дека луѓето во затвор сега се арчат за Македонија.
-Од позиција на сила правно се изврте нелегалниот избор во парламентот во гонење на патриотите кои се спротиставија на кршењето на Уставот на РМ. Што и да направевме таа вечер сценариото ќе беше исто, нелегален избор на претседател, апсење и прогон на македонски патриоти, цело време се игра на картата овој народ да се втурне во непромислени судири. Нека знаат сценаристите дека тоа нема да го сториме, затоа од тука јавно ги молам да не ја преминуваат границата бидејќи назад нема за никого. Како дел од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ бараме веднаш да престане овој политички прогон и им порачуваме на оние кои што го смислиле ова да престанат да смислуваат црни листи за македонските патриоти, упорно овој народ го втурнувате во конфликти. Мислете на генерациите кои доаѓаат, ВМРО-ДПМНЕ докажувало и ќе докажува дека е за заедничка просперитетна и европска Македонија. Денес сакам да порачам и дека целта на овој наш непријател е да не скара, целта е да не раскине на безброј делови, а вие браќа и сестри немојте да му го дозволите тоа, рече Стојаноска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст