Според податоците на Државниот завод за статистика на Република Македонија, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата на вработен во септември 2017 година, во споредба со септември 2016 година, изнесува 104,7.
Тоа значи дека просечната нето-плата на вработен за една година пораснала за само 4,7 индексни поени.
Или, просечната месечна исплатена нето-плата на вработен во септември 2017 година изнесува 23.229 денари, или околу 380 евра.
За споредба, просечната нето-плата во БиХ за септември 2017 изнесувала 844 марки, или околу 430 евра.
Разликите во исплатените нето-плати за месец септември во регионов се значителни, но тоа не е ништо во споредба со разликите меѓу земјите-членки на Европската Унија.
За да се погледне разликата во исплатените нето-плати меѓу Македонија и земјите од регионот и земјите од ЕУ ги споредивме достапните статистички податоци.
Заклучокот е дека минималните плати значително се разликуваат меѓу регионите од Европа. Предничат земјите од Западна Европа и Скандинавија, каде што просекот на месечните нето-плати исплатени на вработен главно го преминуваат прагот од 2.000 евра. Така во земјите-членки на ЕУ највисоки просечни нето-плати се исплатени во Данска (3.095 евра), додека најниска е платата во Бугарија (406 евра).
Во табелата што следува се наведени просечните нето-плати во земјите од ЕУ, меѓу кои од регионов се наоѓаат Словенија (1.074 евра), Хрватска (792 евра), а достапни се и податоци за другите земји од нашиот регион: Црна Гора (510 евра) и Србија (409 евра).
Најниска исплатена нето-плата на месечно ниво на вработен во Македонија е 372 евра.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст