| четврток, 6 декември 2018 |

Се виде Ново Лисиче (ФОТО)

Скопјани со нетрпение го очекуваа синоќешниот ветер и најавите за снег. Како што се очекуваше ветерот и снегот го прочистија воздухот, па утрово загаденоста е на многу ниско ниво. Утрово во Лисиче се измерени 24 мг/м3 ПМ10 честички, иако деновиве нивната вредност надминуваше и 500 мг/м3.

Конечно може да се види Ново Лисиче.

Концентрациите на ПМ10 честичките измерени од мерните станици на Министерството за животна средина и прсторно планирање вчера утрото се движеа од 129 во Гази Баба, 142 во Центар, 167 во Карпош, 172 кај Ректорат и 230 во Лисиче.

Според мерењата во Скопје воздухот е загаден од 6-ти овој месец. Концентрациите на ПМ10 честичките оттогаш се над дозволеното од 50 микрограми на метар кубен и достигнуваат вредности и од 200 микрограми до над 600 микрограми. Најзагадено во овој период било во Лисиче, каде што пред две вечери во 22 часот се измерени 642 микрограми на метар кубен.

Од почетокот на декември односно на 1, 2 и 3 декември воздухот не бил загаден. Високи концентрации се забележуваат според мерењата на 3-ти попладне кое траело во текот на ноќта кон 4-ти кога концентрациите се намалиле и се спуштиле во рамки на максимално дозволеното. На такво ниво биле до 6-ти попладнето.

Месечните извештаи покажуваат дека минатиот месец, односно во ноември скопјани дишеле загаден воздух меѓу 19 и 26 дена. Во Гази Баба воздухот бил загаден 19 дена, во Центар и Карпош 20, во Лисиче 25 и најмногу кај Ректорат 26 денови.

За да се преземат мерки од надлежните треба концентрациите на ПМ10 честичките да бидат над максимално дозволеното пет дена последователно.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top