| четврток, 6 декември 2018 |

Деветмина повредени во верижен судир на патот Гостивар-Кичево

Девет лица од кои едно потешко се здобиле со телесни повреди во верижен судар на три возила што вчера околу 17 часот и 30 минути се случил на регионалниот пат Гостивар – Кичево во близина на отворените сепарации, информираше портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифовски.

Трите возила што учествувале во сударот биле со гостиварски регистерски таблички и тоа Голф управуван од Ф.О.(34), Лупо управувано од З.М.(58) и Киа управувана од Т.А.(59), сите од Гостивар.

Во сообраќајката со тешки телесни повреди, се здобил З.М., возач на Лупо, додека возачот на Киа заедно со уште седум сопатници од трите возила се здобиле со телесни повреди. Сите повредени биле префрлени во Општата болница-Гостивар од каде по укажаната лекарска помош биле пуштени на домашно лекување.

Вкупната штета се проценува на над 300 илјади денари. Полицијата извршила увид и според првичните информации причина за несреќата е недржење растојание.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top