| четврток, 6 декември 2018 |

Нејќеа очи да си видат, а сега промовираат друга димензија и вистински квалитети (ФОТО)

Фолк-пејачките Елена Велевска и Сузана Гавазова настапија на фолк-фестивалот „Роса“. И двете во сличен и секси изглед го привлекоа вниманието на јавноста, а дека се поддржуваат, докажаа и со фотографија на социјалните мрежи. И двете пејачки се решиле на мрежеста варијанта, па и едната и другата во комбинацијата ги вметнале хулахопките со крупна мрежа.Деколтето ја прави приказната повпечатлива.

„Време е естрадата да добие поинаква димензија и вистински квалитети“, напишала Елена Велевска под фотографијата што ја сподели.

Но она што многу повеќе ја заскокотка јавноста се закпаните секири.

Додека беа на почетоците од своите кариери фолкерките Сузана Гавазова и Елена Велевска беа најдобри другарки, цимерки, делеа ист микрофон низ кафеаните по струмичката околија… Заедно настапуваа и собираа бакшиш, а откако снимија албуми и почнаа да ги препознаваат по улици, се фатија за коса. Се закараа, па почнаа јавно да се прозиваат. Еднава, демек, велела Хамстел и Ајнекен, а другава правела на се “копи-пејст#. Како причина за кавгите се наведуваше љубомората, и тоа од двете страни.

Иако Гавазова и досега тврдеше дека се во добри односи, ексривалката Елена, наводно поради веќе договорен настап, не ѝ дојде на свадба.

 

Гавазова ѝ враќа на Велевска со иста мера (ФОТО)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top