| четврток, 6 декември 2018 |

Трамп: Си-ен-ен фатен на дело, ќе има ли откази или само се неспособни?

Американскиот претседател Доналд Трамп критикувајќи ги медиумските куќи, повторно ја обвини Си-ен-ен за „перфиден“ напад врз него во репортажа која се покажала невистинита. Во низа твитови Трамп ја нападна „Си-ен-ен лажни вести“ која направила „перфидна и намерна грешка“.
„Фатени се на дело, како и осамениот Брајан Рос на Еј-би-си њуз“, напишал Трамп, мислејќи на новинарот суспендиран поради изнесување неточни информации.
Во петокот Трамп одржа говор во Флорида и ги критикуваше медиумите, а посебен акцент стави на грешките на Еј-би-си њуз.
Трамп често ги напаѓа најголемите американски медиумски куќи, Њујорк тајмс, Вашингтон пост, Си-ен-ен… и ги нарекува лажни вести.
Во петокот Си-ен-ен објави дека претседателот и неговиот син Доналт Трамп примиле меил со адреса и клуч за дешифрирање кој ќе им овозможи пристап до хакираните документи на демократите објавени на Викиликс пред документите да станат достапни во јавноста. Меѓутоа, хронологијата е погрешна. Ци-ен-ен брзо направил исправка на грешката, прецизирајќи дека мејлот не бил испратен на 4 септември 2016, туку на 14, ден откако документите биле објавени на Викиликс.
„Следете дали Си-ен-ен ќе ги отпушти одговорните или само се работи за огромна неспособност“, твитуваше Трамп.

Тројца новинари на Си-ен-ен во јуни дадоа отказ по грешката направена за советникот на претседателот. Еј-би-си неодамна го суспендира истражувачкиот новинар Брајан Рос, кој неточно извести дека Трамп му наредил на Мајкл Флин да контактира со Русија пред претседателските избори во 2016. Тоа се случило по изборите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top