| четврток, 6 декември 2018 |

Земан: ЕУ го покажа својот кукавичлак со ставот за Ерусалим

Чешкиот претседател Милош Земан денеска ја критикуваше Европската унија, обвинувајќи ја за „кукавичлaк“, поради реакцијата на Брисел на одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп за признавање на Ерусалим како главен град на Израел.

ЕУ во четвртокот ја осуди одлуката на Трамп, предупредувајќи дека таа би можела да го врати светот „во уште помрачни времиња од оние во кои живееме денес“.

– Во Европската унија по се изгледа преовлада пропалестинската терористичка струја над произраелската. Како доказ за ова ве потсетувам дека Европскиот парламент неодамна дозволи обраќање на осудена палестинска терористика, која тврдеше дека борбата за палестинската автономија е идентична со онаа на Евреите во Аушвиц, изјави Земан, алудирајќи на членката на Палестинскиот национален совет, Лејла Калед, која во 1969 година учествувала во киднапирање на авион.

Заман во четвртокот ја поздрави одлуката на Трамп и побара Чешка да го следи примерот на САД, потсетувајќи дека тој уште во октомври 2013 година предложил чешката Амбасада во Израел да биде преселена од Тел Авив во Еруслаим.

Меѓутоа, новиот чешки премиер Андреј Бабиш вчера го одби ваквиот предлог. – Идејата на американскиот претседател Трамп не е добра. Тоа може да се види по реакциите што таа ги предизвика, изјави Бабиш.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top