Ненад Топиќ (49) од Белград е другиот убиен напаѓач во грабежот на менувачницата „Македонија“ во скопска Кисела Вода на 27 ноември, кој беше застрелан од сопственикот Гоце А. (58), пишува српскиот весник „Блиц“. Менувачницата на Гоце А. веќе неколку пати била мета на вооружени разбојници, а во еден грабеж убиен е и братот на сопственикот, пишува Блиц.
Србинот, кој бил баран со меѓународна потерница на Интерпол, идентификуван е според отпечатоците на прстите, по што е известена неговата сестра, која дошла во Скопје и потврдила дека убиениот е нејзиниот брат. Тој последниве месеци се криел во Скопје, престојувајќи во изнајмен стан во населбата Карпош 3.
Се претпоставува дека со другиот убиен, 32-годишниот Димитар Блажевски од скопско Бардовци, ги споиле заеднички познаници од криминалното подземје, а македонските истражни органи веруваат дека двајцата извршиле најмалку 15 разбојништва во банки, менувачници и обложувалници во Скопје.
Сопственикот на менувачницата, иако тешко повреден, во еден момент успеал да се оттргне од напаѓачите, да извади пиштол и да пука кон ограбувачите. Ги погодил двајцата разбојници, кои од здобиените повреди починале на лице место. Целиот настан бил забележан и од сигурносните камери поставени во менувачницата.
Српскиот весник пишува дека македонската полиција истражува дали сопственикот на менувачницата пукал во нужна одбрана.
-Ако тоа и се докаже, според Кривичниот законик во Македонија, сопственикот на менувачницата нема кривично да одговара. Менувачницата на Гоце А. веќе неколку пати била мета на вооружени разбојници, а во еден грабеж убиен е и братот на сопственикот, пишува Блиц.
Инаку, Топиќ цели две децении бил недостапен на полицијата и на судството во Србија. Во 1993 година бил осомничен дека со двајца соучесници на постар белграѓанин му одзеле 200.000 тогашни германски марки и 100.000 американски долари. Приведен е дури по десет години, и тоа при продажба на „екстази“ со другите двајца, при што им се одземени 4.500 таблети со наркотици и 3.700 евра, а во станот на Топиќ потоа се најдени уште 2.500 таблети.
Неколку месеци тој поминал во притвор, но Судот го пуштил да се брани од слобода, по што му се губи трагата сè до неуспешниот грабеж на менувачницата на улица „Борис Трајковски“ во Скопје.
За Топиќ постоеле сомнежи и дека учествувал во филмскиот грабеж на претставништвото на холандската авиокомпанија КЛМ во Белград во 1997 година, од кое биле украдени 250.000 долари и 60.000 марки.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст