Сестрата на Игор Дурловски Наташа Дурловска заедно со повеќе Македонци денеска протестираа во Лондон пред премиерската резиденција во знак на револт поради притворањето во Македонија.
Во еден од статусите се вели дека Македонците таму започнуваат да протестираат на денот на правдата, токму од Лондон.
-Слобода за Игор Дурловски, слобода за сите уставобранители на Македонија, стои во ФБ постот.
Инаку откако пред една недела хунтата предводена од СДСМ масовно уапси и притвори голем број на уметници, пејачи, актери, пратеници и обични граѓани влегувајќи во нивните домови се повеќе уметници, професори и обични граѓани не се помируваат со одлуката на власта да ги гонат нив како најголеми криминалци.
Имено голем број на уметници и професори изминативе денови повикуваат да запре политичкото затворање, а дел од нив се и универзитетската професорка Билјана Ванковска, Александар Русјаков, писателот Венко Андоновски, како и светски реномираниот невропсихијатар Др. Горазд Росоклија.
Во знак на поддршка за притворените ВМРО-ДПМНЕ секојдневно има свои активности, блокира крстосници, како и организира протести на различни локации.
Во знак на протест за притворот на Владо Јовановски актерите пред полна сала неодамна ја одложија претставата „Ничија земја“, а исто така пред почетокот на операта „Набуко“ во МОБ публиката го скандираше името на оперскиот пејач Игор Дурловски кој е еден од притворените лица.
Инаку на нив им се суди за случувањата во Собранието на 27 април годинава, кога незадоволните граѓани влегоа во собранието откако Талат Џафери беше избран за претседател на Собранието по нестандардна процедура и за многумина спротивно на законите и уставот на РМ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.