| четврток, 6 декември 2018 |

Сега можете да најдете работа во Германија, Шведска и Норвешка и со македонски пасош!

Сега лесно може да се најде  работа во Германија, Шведска и Норвешка и тоа со македонски пасош. Доколку го посетите сајтот, ec.europa.eu/eures, можете да најдете вработување на еден од огласите кои се објавени.

Доколку сакавте да заминете во Шведска, потребен ви е само пасош, а останатите услови се договараат со работодавецот. Според претставникот на Шведската амбасада во Хрватска, за во скандинавската земја не постои иселеничка виза. Доволно е само еден член од семејството да најде работа и потоа може да ги повлече и останатите членови. Речиси идентично е и заминувањето во Норвешка.

Ова е веб страната за работа во Германија: . www.jobboerse.arbeitsagentur.de

Овие земји се соочуваат со голем број на недостаток од кадри, посебно во овие сектори:

Германија: ИТ, машински инженери, електроничар, електричар, електроинсталатер, водоинсталатер, лекар, медицински сестри и негуватели на стари луѓе и болни деца

Шведска: стоматолози, книговодители, готвачи, пекари, молери, градежни техничари и инженери, електроинженери, ИТ сектор

Норвешка: готвачи, пекари, градежни техничари и инженери, медицински сестри и лекари.

Таму се работи 7,5 часа дневно, а работниците добиваат 30 дена одмор.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top