| четврток, 6 декември 2018 |

Збогум Доналд – една од главните креаторки на американската политика за Блискиот Исток му сврте грб на Трамп!

Според неименувани извори од Белата куќа, заменик-советничката за национална безбедност на американскиот претседател Доналд Трамп задолжена за Блискиот Исток, Дина Пауел ќе си поднесе оставка од функција во следните денови.

Оставката следува откако Трамп го призна Ерусалим за главен град на Израел и даде наредба за преместување на амбасдата од Тел Авив во тој град.

Портпаролката на Белата куќа, коментирајќи ги овие информации рече дека признавањето на Ерусалим не е поврзано со најавената оставка на Пауел.

Пауел уште претходно најавила дека има намера да остане на функцијата само една година, по што планира да продолжи да работи на прашања поврзани со Блискиот исток.

Таа е родена во Египет, а беше дел од тимот на зетот на Трамп, Џаред Кушнер со задача да работи за обнова на израелско-палестинските мировни преговори.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top