Во текот на 70. години брак на кралицата Елизабета и принцот Филип, испливале многу гласини за неговите наводни афери.
Дури и денес, многумина се прашуваат како ја напуштил сопругата и двете мали деца – Чарлс и Ана, поради наводен излет надвор од Комонвелтот во 1956. година. Патот траел повеќе од четири месеци, а постојат трачеви за диви забави во кои учествувал.
Наредната година, новинар од Лондон тврдел дека постојат повеќе гласини за интересот на Филип за непозната жена, која наводно ја запознал во станот на еден фотограф на Вест Енд.
Трачот бил подгреан од фактот што приватниот секретар на принцот, Мајк Пакер, го избрал токму тој момент за да поднесе оставка. Тоа било сфатено како знак дека мора да замине, бидејќи го водел Филип на погрешен пат. Всушност, Паркер почувствувал дека мора да поднесе оставка, бидејќи кралицата наводно поднела барање за развод на бракот. Според неговите зборови, “принцот бил многу вознемирен. Бил многу лут и длабоко повреден”.
Иако Палатата официјално никогаш не ги коментирала гласините, кралицата и дозволила на својат прес служба да објави: Не е точно дека меѓу кралицата и војводата постојат било какви несогласувања.
Како име на девојката која го маѓепсала принцот се споменувало Пат Кирквуд, атрактивна ѕвезда од музичките комедии.
Пат ги негирала таквите наводи и рекла дека со принцот се сретнала само еднаш и тоа во театарот.
Откако починала во 2007. година, нејзиниот сопруг најавил дека еден ден “преписката” меѓу Пат и војводата од Единбург ќе ја напише во неговата официјална биографија. Рекол дека тие документи ќе докажат дека меѓу нив немало ништо недозволено.
Принцот бил поврзуван и со Хелен Корде, некогаш Хелен Фофуни. Се спријателиле како деца, кога во Франција заедно ги минувале викендите во вилата на нејзините родители.
Хелен подоцна станала водителка на BBC, и добила две деца. Одбила да го открие името на таткото, а Филип бил одбран да биде нивен кум.
Освен Пат и Хелен, името на принцот било поврзувано со уште неколку жени.
Како се чувствувала кралицата по повод овие гласини, никогаш точно не се дознало.
Филип секогаш сакал да флертува, а кралицата дури и се шегувала за неговиот карактер.
Во своите рани 30-ти изјавила: Нема ништо полошо од тоа кога ќе ограничиш маж и нема да му дозволиш да го прави тоа што го сака.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Трагедија во кралското семејство: Кралицата Елизабета очајна, неговата смрт ја дотепа!
-
Модерна аристократија: Таа е единствена кралица на светот која има храброст да облече краток шорц!
-
Кога го слушнал нејзиниот врисок и ја видел локвата крв, Филип се избезумил: Александра Пријовиќ доживеа несреќа на море!
-
Само да и однесам на тетка ми лек: Чарлс и Вилијам најдоа изговор да избегаат од Трамп!