Популарниот заводник од хрватските сапуници, Иван Херцег, добил отказ на снимањето на серијата „Чиста љубов“. Драмата која за кратко време ја освои публиката во земјава остана без еден од главните ликови и тоа поради неговото надмено однесување на сетот.
Колегите тврдат дека со него било многу тешко да се соработува, а актерот не сакал да го коментира своето напуштање на снимањето на сапуницата.
-Немам што да потврдам, имам гужва – рекол актерот на новинарите.
Другите актери потврдиле дека отказ имало, но за причините не сакале да говорат.
-Кажано ни е дека останатите детали за продолжување на снимањето ќе ги добиеме дополнително. Тоа е се што можам да кажам. За причините на отказот не знам ништо – рекла актерката Ксенија Пајиќ.
Екипата брзо му нашла замена, па неговиот лик ќе го игра актерот Јанко Поповиќ Волариќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст