| четврток, 6 декември 2018 |

Некој шири паника за терористички напад во Загреб

На социјалните мрежи попладнево се прошири информација дека загрепската полиција е на готовс на загрепскиот Адвент поради терористичка закана. Како што пишувало во постовите, „состојбата на висока подготвеност“ на полицијата била резултат на „информацијата дека загрепскиот Адвент може да се случи нешто непредвидено и опасно“.

Загрепската полиција ги демантира информациите што кружат на интернет. Оттаму за Индекс.хр изјавиле дека состојбата е редовна и дека се на сила мерките за безбедност кои биле најавени и на отворањето на Адвентот. Од извори блиски до хрватската Безбедносно-разузнавачка агенција, Индекс.хр дознава дека полицијата го обезбедува Адвент годинава со многу повеќе полицајци отколку досега, но сепак, не се случува ништо посебно.

Оттука произлегува дека некој намерно се обидува да предизвика паника и вознемиреност имајќи предвид дека луѓето се осетливи на темите за тероризам, а и лани се случи терористички напад токму на Адвент во Берлин.

Германската полиција притвори Тунижанец кого со поврзува со возачот на камион во Берлин

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top