Србија е на европскиот пат, но нема намера да се приклучи на НАТО, порача српскиот претседател Александар Вучиќ во интервју за Тас.
– Србија е на европскиот пат, но разликата помеѓу Србија и останатите земји во регионот е што Србија не сака да се приклучи на НАТО. Ние го избравме патот на воена неутралност и јас тоа им го соопштив и на лидерите на државите-членки на НАТО. Ние тоа не го криеме, изјави Вучиќ.
Претседателот на Србија исто така наведе дека пред 10 дена бил во седиштето на НАТО во Брисел и дека ги информирал лидерите на земјите-членки на Алијанската дека Србија нема намера да се приклучи на тој сојуз.
– Србија ќе ја одржи својата воена неутралност. Тоа беше политика на Србија и ќе остаане, истакнал Вучиќ.
Тој потсети дека Србија добила шест руски воени авиони МиГ-29, кои се предмет во процесот на модернизација, изразувајќи очекување дека тие ќе бидат во потполна оперативна подготвеност во рок од неколку месеци.
– Сакаме да купиме уште оружје, најмалку шест воени транспортни хеликоптери и системи за воздушна одбрана, кажа Вучиќ.
Тој нагласи дека Србија е независна и воено неутрална земја и поради тоа мора да биде силна во воен поглед за да може да ја одбрани својата територија.
– Се надевам дека за тоа и за многу други теми ќе разговарам со Владимир Путин, заклучи Вучиќ.
Српскиот претседател ќе патува во посета на Москва од 18 до 20 декември, а за време на посетата ќе се сретне и со претседателот Путин. Двајцата претседатели ќе разговараат за широка низа билатерални и меѓународни прашања.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст