| четврток, 6 декември 2018 |

Имало клима и во Македонија и во Грција: Координативен состанок пред новата рунда преговори за името

Во Македонија и Грција постигната е позитивна клима, пред новата рунда преговори за името. Ваков е заклучокот од координативниот состанок помеѓу премиерот Зоран Заев и  специјалниот пратеник во разговорите, амбасадорот Васко Наумовски.

Од прес-центарот на Владата информираат дека на средбата, на која присуствувале и заменик претседателот на Владата задолжен за евроинтеграции Бујар Османи, и министерот за надворешни работи Никола Димитров, било констатирано дека за решавањето на оваа прашање од особена важност се инклузивноста, како и потребата од кохезивност во ставовите за ова прашање од врвен национален интерес за Република Македонија.

Новата рунда на преговори меѓу Македонија и Грција околу спорот за името, под посредство на посредникот на Обединетите нации (ОН), Метју Нимиц, ќе започне на 11 декември. Македонската страна ќе биде преставувана од Наумовски,  додека грчката страна ќе биде претставена од грчкиот преговарач Адамантиос Василакис.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top