Полскиот претседател Анджеј Дуда денеска и официјално го именуваше досегашниот министер за финансии Матеуш Моравјецки за нов премиер на Полска.
Именувањето на Моравјецки уследи откако досегашната полска премиерка Беата Шидло синоќа поднесе оставка на функцијата, по што раководството на владејачката конзервативна партија Право и правда (ПиС) реши за нов претседател на Владата да го предложи Моравјецки.
Како што претходно јави МИА, портпаролката на ПиС, Беата Мазурек соопшти дека Шидло ја поднела оставка за време на состанокот на партиското раководство.
Мазурек нагласи дека ПиС сака Шидло да дојде „на друга важна позиција во Владата“, но не прецизираше за која функција се работи.
Критичарите на полската Влада смената на Шидло ја оценија како „кревање прав“ со цел да се сврти вниманието од усвојувањето на законите за реформи на правосудството, со кои извршната власт добива поголема контрола врз судскиот систем.
Претходно денеска, Долниот дом на полскиот Парламент, Сејмот со 239 гласови „за”, 171 „против” и 24 воздржани го усвои законот со кој се менува начинот на избор на членовите на Врховниот суд на Полска.
До крајот на денот се очекува Сејмот да го усвои и Предлог-законот со кој се менува постапката на номинирање на судии.
Венецијанската комисија при Советот на Европа ги окарактеризира промените како „сериозна закана” за независноста на полското правосудство.
По Сејмот, двата закони треба да ги одобри и Сенатот, каде владејачката ПиС има доволно мнозинство за нивно усвојување, по што пред да стапат во сила треба да биде ги потпише претседателот Дуда.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст