| четврток, 6 декември 2018 |

Каков секс сакате според хороскопскиот знак

Овен – Овенот сака груб секс, да ја почувствува енергијата на другата личност. Тоа што никако не сака е да чека… Не му одолговлекувајте на Овен – ако ви се допаѓа, слободно веднаш преминете од зборови во акција, нема да ви замери. Припадниците на овој знак се секогаш подготвени за експериментирање, но пуштете ги тие да ја водат играта. Тие главно се верни, освен доколку личноста со која се во врска не е во можност да одговори на нивната сексуална енергија. Во спротивно – не влегувајте во никаков однос со нив, бидејќи Овните не можат да бидат во врска со оние што не можат да им го следат темпото.

Бик – Биковите се сензуални, сакаат нежен секс, а најдобрата предигра за нив е чаша вино, топло чоколадо или добра закуска. Важно е сè да се одвива полека, без брзање. На биковите многу им е важна и долната облека. Жените носат подврски и во кревет одат нашминкани. Тие се големи хедонисти, но верни се, барем додека не им здосади партнерот. Тогаш нема помош. Биковите не се промискуитетни, кавлитетот го ставаат пред квантитетот.

Близнаци – Близнаците се разиграни во сè, па така и во сексот. Добриот разговор за нив е афродизијак. Доколку не успеете да ги заведете со зборови, не обидувајте се на друг начин. Тие сакаат еротски приказни, но и униформи, маски… Не ги менуваат партнерите лесно и тешко се одлучуваат да се впуштат со некој во врска. Не брзаат никаде и можеби ќе треба малку да ги „поттикнете”.

Рак – Овие личности најлесно ќе ги заведете на нивна територија, во нивниот дом. Направете им го омиленото јадење, на пример, и не брзајте бидејќи Раковите сакаат сè да се одвива полека. На нив чувствата им се позначајни од сексот, но не може да се каже дека се најверниот знак во хороскопот. Не се перверзни и сакаат секс под туш.

Лав – Лавовите го сакаат луксузот, сјајот. Додворувајте им се на убави места, интересни, а можете и во природа. Придушено светло, добро вино, малку ласкање и кралот на животните ќе ви јаде од рака. Но не брзајте. Лавовите знаат точно што сакаат затоа не вреди да се обидувате да ги наговорите на нешто. Сакаат да доминираат. Сакаат да гледаат и порно-филмови, но ретко со партнерот. Сакаат да учат и да бидат во тек со новостите, кога е во прашање сексот. Не се промискуитетни и не остануваат во врска или во брак без емоции.

Девица – Девиците тешко се опуштаат. Во тоа им помага убавата долна облека и придушеното светло. Девицата сака внимание, ситни поклони и убави гестови. Таа е еден од најверните знаци. Вооружајте се со трпение и ќе уживате.

Терезија – Терезијата сака сè да биде едноставно и убаво. Сака секс, секојдневно, но може да се воздржи. Терезијатаа ги става чувствата на прво место. Не им е важно каде ќе водат љубов, може и на отворено, може и во кујна, и на под, сеедно. Терезиите се лесно приспособливи.

Скорпија – Скорпијата е еден од најперверзните знаци. Знае да го привлече секого што ќе го посака, но знае и како да го одбие. Скорпијата сака порно-филмови и секс во најразлични пози. На неа и е потребен добар љубовник кој ќе и се посвети во овој чин. Не изневерува, освен доколку нешто сериозно недостасува во врската или во бракот.

Стрелец – Стрелецот е авантурист кој сака сè да проба. Знае дека искуството не може да се стекне со еден партнер, па поради тоа ги менува. Се труди да биде што е можно поотворен кон сè, сака слобода во сексот, па доколку партнерот не го поддржува во ова и нема доволно енергија, нема да остане долго во неговиот живот и ќе стане минато. Сексот им е многу важен показател дали во врската сè е во ред или не.

Јарец – Јарецот е најсуптилниот и највоздржаниот знак во хороскопот. Тој е верен до срж. Може со часови да измислува и да предложува нови пози и да дава сè од себе да му удоволи на партнерот, но само ако сака. Доколку не се труди, тогаш значи не чувствува ништо кон вас. Тој е трпелив. За секс може да чекате и чекате, но кога ќе дојде до тоа ќе сфатите дека ви се исплатело чекањето.

Водолија – Тие сакаат сè да пробаат. Сакаат да експериментираат, перверзни се. Не сакаат да чекаат за секс, но никогаш нема да го притискаат партнерот. Доколку сакате секс во лифт, во автомобил, на плажа – Водолиите се за вас! Еротските филмови им се омилен жанр.

Риби – Сензуалните Риби сакаат секс заедно со добра музика и вино. Квалитетната храна е одличен афродизијак за нив. Не се оптоваруваат со бројот на партнери. Лесно го губат инетерсот, склони се и кон паралелни врски, пред сè – за секс.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top